среда, 5 февруари 2025

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Што сè би опфатила изборната реформа и како да се стави крај на политичката анархија (2)

Основна преокупација на политичките структури во земјите кои претендираат да изградат демократско општество и систем со демократски вредности се состои во изнаоѓање решенија со кои ќе се обезбедува владеењето на правото како столб на демократско општество.

За остварување на таа цел се бара сериозен пристап кон изборно законодавство со кое постојат големи можности преку гласот на граѓаните нивните желбите да станат стварност.

Во земјите со изградени демократски институции и вредности функцијата пратеник претставува доверба и признание за личноста, кој успева да го добива довербата на граѓаните да зборува на нивно име и за нивните интереси. 

Убеден сум дека со подобар изборен закон функцијата пратеник може да се смета како престиж. Може да се спречи во собраниските клупи да седат луѓе со очигледно непознавање на работата со кое се бават (политиката). Можe да се спречи, закони за правата и обврските на граѓаните да носат лица кои се класичен пример на непочитување на истите. Може да се спречи класичното поместувањето на вредностите со што не остана ништо од меритокрацијата.  

Преку добро изборно законодавство може да се влијае во спречување на практиката избрани и именувани државни личности да манифестираат недолични, деструктивни и штетни дејствија со кои се загрозуваат демократскиите принципи, безбедноста и развојот на државата.

Што може да се постигне со длабока изборна реформа

Во изминатите 33 години во Македонија воопшто не се водела сметка за начинот на избор на лица за кои гласа народот. Не се водела сметка ниту за условите (освен начелните) кои треба да ги испонуваат кандидатите итн, итн.  Во недостаток на соодветни законски правила оставена е можноста за пратеник, министер или за која било јавна, висока, државна функција да се избира лице за кој се определил лидерот на партијата со штошироко ѝ се отвара вратата на клиентелизмот, непотизмот, ароганцијата, криминалот и корупцијата во редовите на највисоките политички структури и личности.

Притоа органите на партијата (и највисоките) немат апсолутно никакво влијаните во изборот на кадровите, бидејќи лидерот однапред се погрижил да им обезбеди солидни места на сите проблематични личности и гласни критичари на неговото бирократското (кај нас деспотско) однесување.

Како човек целосно преокупиран со изборната проблематика (во 1994 год. добиена државна награда за новинарство со оргинален труд од над 60 страници за анализа на првите повеќепартиски избори во Р. Македонија. Во 2009 год. добиена државната награда за публицистика со книгата „Обечестена волја – предвремени парламентаарни избори 2008 год”. Во 2020 год. објавена книга „Прирачник за изборната терминологија”, потоа низа текстови и фељтони па затоа и сметам дека со своите укажувања можам да помогнам во изнаоѓање на конкретни решенија со кои можеби ќе се изгради посакуван политикки систем.

Преокупацијата со оваа проблематика ми овозможи да бидам во контакт со службени личности од други земји во регионот и да се информирам со безброј конкретни случаеви кој е тоа главниот човек кој ја составува конечната листата за пратеници. Во последните 20 години, на двапати членови на Државна изборна комисија од три земји на Западен Балкан, во доверба кажуваа дека веднаш по завршувањето на рокот за предавање на изборните листи, членови на најтесното претседателство на големи, влијатели партии, прашуваат дали неговото име се наоѓа на листата на кандидати и под кој реден број.

ц

Тоа, нагласеното, укажува дека листата ја составува лидерот и тоа отворено го кажуваат членови на раководни структури во партиите. Овој факт јасно зборува за можноста од корупција, непотизам и други валкани и нечесни работи што може да ги направи самиот лидер.

Со добро изборна реформа меѓу другото, може да им се зададе сериозен удар како на корупцијата така и на непотизмот, самоволието и на низа други непримерни дејствија што се составен дел на нашето политико живеење.

Изборната реформа би го регулирала правото на кандидирање на сите позиции. Со закон би се регулирала можноста пратеник да се кандидира за градоначалник и обратно. Би се нашле соодветни решенија за кандидирање, односно напуштање на функцијата, доколку тоа го наметнува протребата од нови избори. Определбата и решеноста на Зоран Заев и Али Ахмети да предизвикуваат предвремени локални избори во општините Штип и Пласница, претставува класично демонстрирање на злоупотреба на положбата, расфрлање со државните пари, тоа е и политичка ароганиција, транспарентено самоволие па и неодговорно однесување кон здравјето на граѓаните во екот на пандемијата со ковид-19 итн, итн. Се поставува најобичното прашање: имаше ли друг човек во Македонија кој можеше да ја извршува функцијата министер за транспорт и врски? Имаше ли во Пласница друг човек кој би можел да биде градоначалник, освен братот на Исмаил Јаовски, кој пак замина во пратеници, а функцијата му ја довери на братот?       

Селекција на личности кои можат да се кандидираат

Реформата би ја расчистила можноста за забрана на кандидирање на лица кои биле: под истрага, притворени или осудени за злоупотреба на службената положба, криминал или какви било други недолични активности со кои се девалвира функцијата што дотичното лице ја посакува.

Преку изборната реформа би имале можност да влијаеме во изградба на политички систем со кој би биле задоволни не само партиските политички елити, туку систем кој донекаде би ги задоволил и желбите на граѓаните.

Ние мора да ги расчитиме дилемите: сакаме парламент кој ќе го сочинуваат поголем или помал број на политичи партии; сакаме парламент и влада што зависат од преокупациите и желбите на еден единствен пратеник или сакаме одговорна законодавна и извршна власт која не трепери поради можноста да биде разрешена или распуштена во секој миг?

Со сериозна дебата за изборната реформа се овозможува разгледувањето на можноста за ограничување на мандатот и на пратениците и на градоначалниците. Сè  додека имаме пропорционален изборен систем со затворени листи сериозно се наметнува потребата од ограничување на мандатот на пратениците (на пример) на два мандати.

Од една сопствена анализа за активноста на пратениците Албанци во текот на 10 – годишното работење на Собранието на Р. Македонија во периодот 2006-2016 год. произлезе дека вкупниот број пратеници Албанци изнесува 74. За овој период 35 пратеници за дикусија се јавиле од нула до 10 пати. Изненадува фактот дека учеството на тие, 35 пратеници, во вкупниот број на дискусии на пратениците Албанци е само 9.3 одсто. Значаен дел од овие целосно неактивни пратеници со текот на времето завземале и завземат високи државни функции во извршната и судската власт. Овие показатели се доволен аргумент којшто јасно покажува колку сме загрижени за политичкиот систем вој кој живееме.

g

Клучно прашање во повеќепартискиот систем е поимањето на довербата на народот. Затоа, со изборна реформа би се регулирало и правото за кандидирање на лицата кои извршуваат високи државни функции. Во дебатите по ова прашање би се разгледувала и (не)можноста пратениците да станат министри и заменици, бидејќи со заминувањето во извршната власт лицето кое ја добило довербата на народот се откажува од ветувањето дека ќе биде достоен репрезент на интересите на народот во законодавниот дом. Ова решение не би важело за лицето кое станува премиер. Исто така би се решавало и за не(можноста) пратениците да се избираат или именуваат на други функции бидејќи довербата на народот е многу-многу појака и поважна од довербата на лидерот на партијата. Се еден збор, секој пратеник и градоначалник во текот на својот мандат не може да се избере во друга функција. Во спротивно се наметнува прашањето: зошто лицето кое ја добило довербата на народот се откажува од неа?  

Изборната реформа би се позанимавала и со катастрофалниот избирачки список. Најновиот начин на финансирање на политичките партии исто така претставува свовидна злоупотреба на положбата на политичките партии во сопствена полза. Со кое право буџетски средства се трошат за рекламирање на политички партии кои сакаат да дојдат на власт со листа на личности на кои им недостасуваат многу карактеристики потребни за добивањето на довербата на народот Реформата би ја опфатила и проблематиката на предизборни коалиции. Што ќе стане со малите партии ако се прифати предлогот за една изборна единица? Дали во тој случај тие ќе настапуваат самостојно или повторно во коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

Дебатите на професионалци за изборната проблематика би ја опфатиле и потребата од измена на законот за избор на претседател на државата.

Следејќи ги политичките случувања кај нас веднаш се доаѓа до заклучок дека одредени проблематични состојби кои се случуваат во време на сите видови избори нè упатуваат до заклучок дека нештата може да функционираат подобро доколку изборот на претседател на државата се врши според американискиот модел – претседателот си избира во тандем: претседател – потпретседател при што потретседателот по автоматизам станува претседател на законодавниот дом. Дел од придобивките од примена на овој модел во Македонија нашироко се елаборирани во мојата книга „Албанците на Македонија и иднината на државата”. Во книгата на 30 страни се елаборирани и сите парламентарни избори до 2016 година.

(П.С) Целта на текстот е Министерството за правда да превземе активности за  организирање на конструктивна дебата, но не на претставници на политички партии туку со луѓето кои имаат подлабоки знаења за проблематиката.

                                                                                                                                       Махи Несими

Загрижува тоа што и виcоки политички личности немаат знаења за политичките системи и модели (1)

КОЛУМНИ

Соња Стојадиновиќ

Светот може без САД, прашање е колку САД може без светот

Клементина Брзаковска

Судовите – фабрика за неказнивост, кога правдата станува привилегија

Мајкл Спенс

Што е проблемот со германската економија?

Бојан Лазаревски

Последиците од аерозагадувањето се со пандемиски размери

Марјан Бојаџиев

Бојкот на трговијата е како да ја блокираме УХМР поради лошото...

Љубомир Николовски

НБА ол стар: Од престиж, преку спектакл до пропаѓање –...

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ