недела, 22 декември 2024

Штипјанец ќе поднесе пријава за расистички и ксенофобични пораки за децата со аутизам, Маѓаши веќе го направи тоа

Објавено на

часот

Сподели

Мијалков вели дека извесен Ранко Србакоски од Вевчани ја згрозил македонската јавност со пораки упатени на сметка на неговите две деца, а во кои во дел пишува дека се товар на државата поради нивниот атипичен развој. Тој посочува дека не е првпат да добива вакви пораки.

Психологот Клементина Добревска ја потврди информацијата.

„Во врска со овој случај во текот на вчерашниот ден Меѓаши реагираше до МВР и Одделот за компјутерски криминал по основ ширење на говор на омраза и насилство преку социјалните медиуми согласно Кривичниот законик“, вели Добревска.

Од МВР потврдија дека  вчера добиле пријава за вевчанецот.

„Ве известуваме дека на 20 август до Секторот за компјутетрски криминал е пристигната пријава за лицето Р.С од страна на Детската амбасада „Меѓаши“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ се вели во писмениот одговор од МВР.

Од „Меѓаши“ побараа институциите навремено да реагираат, а истовремено упатија апел и ги охрабрија родителите да ги пријавуваат случаите за социјален линч кои според нив сѐ повеќе се зачестени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ