Израелските сили пукале денес во контролен пункт на мировниците на ОН во јужен Либан и повредиле две лица, соопшти извор од ОН. Трет ден по ред мировните сили известуваат за израелски оган на нивните позиции додека Израел наводно води војна против Хезболах.
Ниту еден од шпанските војници кои се дел од таа мисија не е погоден, соопшти денес шпанското министерство за одбрана.
Шпанија распореди 650 припадници во мировната мисија во Либан, а шпански генерал ја предводи мисијата.
„Дозволете ми во овој момент да ги критикувам и осудам нападите кои израелските оружени сили ги вршат на мисијата на Обединетите нации во Либан“, кажа Санчез, чија земја е критична кон Израел во најновата ескалација на насилствата на Блискиот Исток.
Санчез истакна дека Шпанија престана да му продава оружје на Израел во октомври 2023 и го повика остатокот од свет да го направи истото за да спречи понатамошна ескалација во регионот.
„Мислам дека е итно во однос на тоа што се случува на Блискиот Исток меѓународната заедница да престане да ѝ извезува оружје на израелската влада“, кажа тој.