среда, 23 октомври 2024

Шпанија освои бронза со победа над Словенија во крајно неизвесен натпревар

Ракометарите на Шпанија и Словенија одиграа крајно неизвесен натпревар во кој ниту една репрезентација немаше водство поголемо од два разлика, на крајот Шпанците победија со 23-22 и го освоија бронзениот медал.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија и Словенија постојано се менуваа во водство, првото полувреме заврши нерешено, беше 12-12.

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, беше идентично како и во првото полувреме. Шпанија го даде последниот гол кој им донесе предност од 23-22, Словенија имаше уште 20 секунди за да израмни и да го однесе мечот во продолженија, но не успеа, па Шпанците се радуваа на бронза.

Најефикасен во шпанската репрезентација беше Гомез со пет голови, Касадо постигна четири, кај Словенците, Доленец реализираше шестпати, Јанц даде пет гола.

Финалето се игра меѓу Германија и Данска со почеток од 13:30 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ