четврток, 20 февруари 2025

Шортс: Тука сум да го симнам товарот од Димитријевиќ

Ѕвездата на Париз и на Евролигата, Ти Џеј Шортс по подолго време повторно ќе го облече дресот на Македонија, тој е повикан за престојните натпревари со Естонија и Полска.

Објавено на

часот

Сподели

Првпат Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ ќе играат заедно за Македонија. Американецот нема дилеми дека Нено е лидерот на Македонија и вели дека тука е да му помогне.

„Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел да победиме со Естонија и Полска и ќе видиме што ќе биде. Чекам на предизвикот. Мене ми е исто дали играрм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни дадоа ‘удар по устите’ многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку“, рече Шортс.

Македонија во петок игра во Естонија каде што треба да победиме со најмалку пет поени разлика, во понеделник ја пречекуваме Полска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ