среда, 12 март 2025

Шолц повторно одбива да му испрати ракети „таурус“ на Киев

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за испраќање ракети со долг дострел „таурус“ на Украина, противејќи се на акции кои би „испорачале деструктивно оружје“ длабоко во територијата на Русија, и го критикуваше својот конзервативен политички ривал, кој изрази поголема спремност за испорака на такво оружје на Киев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не мислам дека е правилно да се испорачува деструктивно оружје длабоко во руската внатрешност“, кажа Шолц вчера за време на 90-минутната телевизиска дебата пред националните избори закажани за две недели.

„Тоа е, верувам, точно таков чекор кој не треба да го преземате ако имате одговорност за Германија“, додаде тој.

Фридрих Мерц, чиј конзервативен сојуз ЦДУ/ЦСУ води во анкетите против социјалдемократската СДП на Шолц, кажа дека „секогаш бил јасен“ во врска со својот став за испраќање ракети „таурус“ на Украина.

„Секогаш кажувам дека за испораката на крстосувачките ракети мора да одлучува Европската Унија. Соединетите Американски Држави ги испорачуваат, Франција ги испорачува, Британија ги испорачува, и ние требаше да ги испорачуваме“, кажа Мерц.

Мерц за германските медиуми во октомври кажа дека под одредени услови би одобрил испорака на ракетите на Киев, кои имаат дострел од околу 500 километри.

Ако руските напади „не престанат, тогаш првиот чекор е ова: укинување на ограничувањето на дострелот (на моменталните украински ракетни напади). А вториот чекор е да испорачаме „таурус““, кажа тој.

На тој начин, оцени Мерц, рускиот претседател Владимир Путин „во своите раце има колку понатаму сака да ја ескалира оваа војна“.

Германски Дојче веле во јули извести дека Мерц зборувал во прилог на тоа Берлин да му помогне на Киев во заштитата од руската агресија и да го снабди со борбени авиони.

„Верувам дека би требало да ѝ помогнеме на Украина барем да го врати суверенитетот над својот воздушен простор“, го цитираа тогаш медиумите.

Иако Шолц се колебаше да му испрати на Киев тешко вооружување, Берлин е веднаш зад Вашингтон според количеството поддршка пружена на Украина. Шолц инсистираше дека од суштинско значење е да се обезбеди „суверенитетот на Украина и да се обезбеди дека нема да биде присилена на наметнат мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ