четврток, 26 декември 2024

Шолц: Ќе разговарам со Путин за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека планира наскоро да ги продолжи разговорите со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи ескалација на војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Да, решив да разговарам со рускиот претседател во вистинскиот момент. Но јас сум одговорен политичар, не го правам тоа сам“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.

Тој додаде дека за разговор со Путин потребни се многу контакти и разговори со други луѓе, а за овој проблем треба да се разговара и со Украина.

На прашањето кога би било вистинското време за разговор со Путин, Шолц одговори дека ќе биде „наскоро“. „Мора да се осигуриме дека Украина може да се потпре на нас и на другите и дека не мора да се плаши да биде сама. А во исто време правиме сѐ што можеме за да спречиме ескалација на оваа војна“, рече Шолц.

Тој додаде дека „тие“ мора да одлучат дали војната ќе продолжи на неодредено време или може да се најдат начини за нејзино завршување.

Шолц веќе покажа спремност да разговара со Путин за праведен мир во Украина во средината на октомври. Последен пат тој имаше телефонски разговор со рускиот претседател во декември 2022 година.

Германскиот канцелар повеќе пати повика на дипломатско решение и повлекување на руските војници од Украина. Официјална Москва во почетокот на октомври објави дека Путин е отворен за дијалог, дури и ако односите со Берлин се „на нула“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ