недела, 9 февруари 2025

Шолц: Барањето на Трамп за Украина е себично и егоцентрично

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја критикуваше надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, овојпат неговиот предлог за континуираната воена помош за Украина да биде поврзана со пристапот до суровини во земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина е нападната и (Германија) помага без да очекува подоцна да биде платена за тоа. Тоа треба да биде ставот на сите“, рече Шолц во интервју за германската медиумска група Редакционцнетцвеарк Дојчланд (РНД) објавено во саботата, мислејќи на германската воена поддршка за Украина додека таа се брани од Русија. Барањето „би било многу себично, многу егоцентрично“, рече Шолц по неформалниот самит на ЕУ во Брисел.

Во меѓувреме, Киев сугерираше дека може да биде отворен за таква размена. Украина има една од најголемите резерви на стратешки ресурси во Европа, „а заштитата на Украина значи и заштита на овие ресурси“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Овие ресурси „може да ја зајакнат нашата земја и нашите партнери – или Русија и нејзините сојузници“, рече тој.

Шолц исто така го критикуваше Трамп во интервјуто за заканата дека ќе воведе царини за увоз од Европската унија. „На глобалната економија ѝ требаат помалку трговски бариери, не повеќе“, рече канцеларот. Ако тоа се случи, „Европската комисија може да реагира во рок од неколку часа“, додаде тој.

Шолц рече дека ќе продолжи да прави сè што е во негова моќ за да одржува добри односи со Вашингтон, истакнувајќи дека САД се најважниот сојузник на Германија.

Но, додава Шолц, како канцелар на најголемата економија во ЕУ, тој верува дека негова работа е „да се исправи“, кога на пример помала земја како Данска ќе се најде во предизвикувачка ситуација со оглед на заканите на Трамп дека ќе го окупира Гренланд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ