Откако паднало во реката, мештаните ги повикале пожарникарите чија станица е во близина на оваа маало, кои ги повикале останатите институции по што е почнато пребарување на местото.
Според информациите на тетовските пожарникари, дошле припадници на специјалните единици на полицијата, како и на Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи по што е започната четири часовна претрага. Безживотно тело е најдено во реката Пена во населбата Деребој.
„Од кај нас прво побараа помош, па ние им се јавивме на ДЗС и ЦУК и полицијата. Во меѓувреме ние направиме два тима, да го пребараме местото“, информираше Ука Алити командант на пожарната.
По увидот телото е дадено на обдукција.