среда, 5 февруари 2025

Шекил О’Нил: Дончиќ и дебел е подобар од 99,99 отсто од бековите во НБА

Трансферот на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс се уште ја бранува јавноста, реакциите никако да престанат, а еден од оние кои се јави за збор беше легендарниот Шекил О’Нил.

Објавено на

часот

Сподели

Според некои информации една од причините поради кои Далас одлучил да го трејда Дончиќ во Лејкерс, а за возврат да го добие Дејвис, е тоа дека Словенецот имал вишок килограми, физичката форма не му била на потребното ниво, а тоа допринело за честите повреди кои ги има.

Шекил О’Нил кој беше кошаркар со прекумерна тежина, но еден од најдобрите во НБА на сите времиња, има свое мислење за ова.

„За мене, тој не изгледа како играч што не е во форма. Не знам што мислат кога велат ‘вон форма’ – дали дека нема стомачни мускули? Еден од моите најдобри пријатели ми рече дека ‘дебелиот’ Лука е подобар од 99,99 отсто од бековите во лигата. Тој веќе пет години по ред е во најдобриот тим на НБА. Ако тоа е причината да го пуштите, тогаш менаџментот е виновен. Постоеше подобар начин да се направи тоа“, истакна О’Нил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ