„Ова одбивање и ускратување на правото на палестинскиот народ да има држава би можело на неодредено време да го продолжи конфликтот кој стана главна закана за меѓународниот мир и безбедноста“, истакна Гутереш во Њујорк.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е против решение со две држави. Пред два дена тој изјави дека каква било палестинска држава би претставувала „егзистенцијална опасност“ за Израел.
„Сите мора да го признаат правото на палестинскиот народ да изгради сопствено, целосно независна држава. И секое одбивање на прифаќање на дводржавно решение мора да биде решително одбиено“, истакна шефот на ОН, изразувајќи верување дека таквото решение „е единствениот пат за постигнување траен и рамноправен мир во Израел, Палестина и целиот регион“.
Гутереш му кажа на Советот за безбедност дека хуманитарната ситуација во палестинската енклава е „ужасна и луѓето во Газа не само што ризикуваат да ги убие некое безмилосно бомбардирање туку постои и сè поголема можност од зараза со хапатит А, дизентерија, колера“.
„Целата популација на Газа се соочува со разурнување од размер и брзина без преседан во поновата историја. Со ништо не може да се оправда колективната казна врз палестинскиот народ“, кажа Гутереш пред Советот за безбедност на ОН.