недела, 22 декември 2024

Шефот на НАТО во заминување: Можевме да направиме повеќе за да спречиме војна во Украина

НАТО можеше да стори повеќе за да ја вооружи Украина за да се обиде да спречи руска инвазија во 2022 година, рече шефот на НАТО во заминување Јенс Столтенберг во интервју објавено денеска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега обезбедуваме воена опрема за војна, а тогаш можевме да обезбедиме воена опрема за да спречиме војна“, изјави генералниот секретар на НАТО Столтенберг за германскиот неделник ФАС.

Столтенберг укажа на неподготвеноста на НАТО да го обезбеди оружјето што Киев го побара пред целосната руска инвазија поради страв од ескалација на тензиите со Русија.

По почетокот на војната, Украина, која не е членка на НАТО, по првичното двоумење доби оружени системи од своите сојузници.

Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, во октомври ќе се повлече од функцијата лидер на НАТО, која ја извршува од 2014 година. Во јуни беше објавено дека следниот шеф на НАТО ќе биде поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Столтенберг во интервју рече дека крајот на војната во Украина ќе се постигне само со преговори.

„За да ставиме крај на оваа војна, ќе мораме повторно да воспоставиме дијалог со Русија во одредена фаза. Но, тој мора да се заснова на украинската сила“, рече тој.

Столтенберг не потврди дека по напуштањето на НАТО ќе ја преземе функцијата претседател на Минхенската безбедносна конференција од германскиот дипломат Кристоф Хојсген. Тој за ФАС изјави дека има „многу опции“ и дека ќе живее во Осло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ