Тој коментарот го даде во Братислава во Словачка, кога на дебата со студенти го прашаа дали гледа можност за избивање на конфликт на Косово, откако се појавија гласини дека новата американска политика може да доведе до повлекување на американските трупи.
„Дозволете ми да бидам целосно јасен, според она што го разбирам од американскиот систем, тие се целосно посветени на НАТО и на актуелните обврски. Но, ајде да видиме што ќе се случи. Секогаш може да има промена на политиката или мали прилагодувања кои може да се случат. И Словаците, и Холанѓаните и другите го прават тоа. но немам причина да верувам дека ќе има драматични одлуки. И генерално, на Западен Балкан мораме да бидеме сигурни дека го држиме фокусот на овој регион бидејќи стабилноста на Косово, стабилноста во Босна и стабилноста во Србија е во интерес на сите нас“, одговори Руте/
НАТО има мировна мисија на Косово од завршувањето на војната. Во моментов, во рамки на Кфор, на Косово се распоредени преку 4.600 војници од 28 земји од светот. Најголем број има Италија, потоа Соединетите Американски Држави, па Унгарија и Турција.