„Нападите на водотекот на северот на Косово на 29 ноември ја истакнаа кревкоста на стабилноста на Западен Балкан“, кажа Руте во Брисел.
Руте кажа дека сака да му заблагодари на командантот на Кфор на „брзото распоредување на трупите за заштита на критичната инфраструктура“, додавајќи дека Алијансата „останува посветена на тоа Кфор да го исполнува својот ОН мандат“.
„Сега е неопходно да се утврдат фактите и да се повикаат одговорните на одговорност“, кажа Руте.
Во експлозијата на 29 ноември на северот на Ксоово, во Зубин Поток, беше оштетен каналот Ибар-Лепенац, со кој со вода се снабдуваат повеќе градови, како и Косовската енергетска корпорација за ладење на термоцентралите.