Зборувајќи за Џерусалим пост, Саар даде своја оценка за новата администрација во Сирија. Обвинувајќи ја администрацијата на чело со Ахмед ал Шар дека е „екстремистичка“, Саар рече дека се сомневаат во новата администрација и дека за тоа „има причини“.
„Знаеме дека Западот е измамен во Сирија“, рече Саар, истакнувајќи дека многу владини претставници заминале во Дамаск на средби со сириската администрација.
Одговарајќи на прашање дали други земји му предложиле на Израел воспоставување односи со Дамаск, Саар рече дека има и такви кои сакаат тоа да се случи.