среда, 23 октомври 2024

Шефот на израелската дипломатија одговори на заканата на Ердоган: Сетете се на Хусеин

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел како што еднаш влезе во Либија и Нагорно Карабах, му одговори израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на Икс.

Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година. Тој беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и Шиитите. Казната беше извршена со бесење.

Последната изјава на Ердоган Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати откако започна војната меѓу Израелците и Хамас во октомври минатата година.

За разлика од западните сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинува и напаѓа Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ