„Ова е војна, не можам да коментирам што планираме и треба да правиме. Во спротивно, тоа би била претстава, а не војна“, додаде Залужни, а пренесува Ројтерс.
Кога станува збор за новиот начин на регулација на украинските војници, претседателот Володимир Зеленски најави промени, кои би подразбирале стратегиско користење на специфичните способности на новите регрути, за постигнување поефикасни резултати.
„Сè уште е рано за евалуација (на новиот начин) на регрутирање, а кога е во прашање мобилизацијата треба да се зајакне и да се врати во границите во кои претходно се наоѓаше“, изјави Залужни.
На прашањето како смената на обласните воени команданти влијаела на ефикасноста на мобилизацијата, главниот командант кажа дека „биле професионалци, знаеле како се работи работата“, кажа Залужни.