четврток, 26 декември 2024

Шефот на ЕУ дипломатијата лут: Нападите на Алиев врз ЕУ, Франција и Холандија се неприфатливи

Изјавите на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев против Европската унија, Франција и Холандија се неприфатливи, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавите на претседателот Алиев за ЕУ, Франција и Холандија се за жалење“, наведе тој на Икс. „Тие неприфатливи изјави ризикуваат да ги поткопаат виталните климатски цели на конференцијата и кредибилитетот на Азербејџан како претседавач со КОП29“, нагласи тој.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, исто така, ги отфрли нападите врз медиумите и невладините организации, осудувајќи ја „критичната ситуација со човековите права“ во Азербејџан.

Во говорот од средата на КОП29 во Баку, Алиев ги повтори своите напади врз Франција, осудувајќи го колонијалното минато на земјата и „злосторствата на режимот на претседателот (Емануел) Макрон“ во нејзините прекуморски територии, вклучително и Нова Каледонија.

Париз го обвини Азербејџан, чии односи со Франција се затегнати поради француската поддршка за нејзиниот историски непријател Ерменија, за мешање во неодамнешните немири во Нова Каледонија, обвинение кое Баку го негира.

Азербејџанскиот претседател дополнително го обвини шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, дека ја споредил Европа со градина, а остатокот од светот со џунгла, што, според АПФ, се изјави од 2022 година.

„Ако сме џунгла, тогаш тргнете се од патот и не се мешајте во нашите работи“, заклучи тој.

Тој исто така го осуди одржувањето „под колонијална власт“ на сите француски и холандски прекуморски територии, наведувајќи ја и Корзика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ