недела, 22 декември 2024

Шефот на ЦИА е во „последната посета“ на Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека се сретнал со директорот на ЦИА Вилијам Барнс во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бил Барнс беше во својата последна посета на Украина како директор на ЦИА“, објави Зеленски на Телеграм и додаде дека за време на војната имале многубројни средби, од кои повеќето не биле објавени. Јас и тој имавме многубројни средби за време на оваа војна и благодарен сум за неговата помош“, додаде Зеленски.

„Ваквите состаноци обично не се објавуваат и сите наши состаноци – во Украина, во други европски земји, во Америка и во други делови на светот – се одржаа без објавување официјални информации“, рече тој.

Вилијам Барнс заминува од должноста по предавањето на власта на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Во саботата Зеленски објави фотографија на која се ракува со Барнс пред украинскиот грб. Тој не прецизираше кога тоа се случило, но рече дека тоа е нивната последна средба пред Барнс да ја напушти функцијата. Последен пат се знае дека се сретнале во 2023 година. Американските власти во јули 2023 година рекоа дека Барнс неодамна бил во тајна посета на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ