„Сосема е јасно дека секој напад на мисија на ОН, како што УНФИЛ во јужен Либан, е јасно кршење на меѓународното право и неприфатливо е, без оглед дали е намерно или ненамерно“, кажа Шаленберг за ОРФ. Тој истакна дека работата на министерот за надворешни работи е „особено тешка во овој момент“.
Педесет и петгодишниот политичар од владејачката конзервативна Австриска народна партија (ОВП) повика на прекин на огнот и „повеќе простор за дипломатија и дијалог“.
Откако ги осуди израелските напади на мировниците на ОН, водителот на ОРФ го праша шефот на австриската дипломатија зошто неговото министерство, за разлика од Франција и Германија, не го повикало израелскиот амбасадор за потсетување на меѓународните обврски.
Шаленберг кажа дека Австрија многу јасно комуницира преку својата амбасада во Израел и израелскиот амбасадор во Виена.
Министерот за надворешни работи додаде дека разговарал со израелскиот колега и го објаснил ставот на Австрија. „Заштитата и безбедноста на војниците во оваа мисија на ОН Унфил, вклучувајќи 160 австриски војници, не е незадолжителна, туку јасна должност“, кажа Шаленберг.
Истакна дека мандатот на мисијата на ОН е заснован на резолуција на Советот за безбедност, и дека тоа е обврска за сите држави членки на ОН.