сабота, 1 март 2025

Шефицата на дипломатијата на ЕУ: Сега е јасно дека на слободниот свет му е потребен нов лидер

Првата дипломатка на Европската Унија Каја Калас изјави дека по жестокиот вербален судир во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски „е јасно дека на слободниот свет му е потребен нов лидер“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина е Европа! Стоиме со Украина. ќе ја засилиме поддршката за да можат да ја продолжат борбата против агресорот“, напиша Калас на социјалната мрежа Икс.

„Денес стана јасно дека на слободниот свет му треба нов лидер. Ние Европејците треба да ја преземеме таа одговорност“, оцени таа.

Вчера и лидерите на ЕУ објавија заедничка изјава во која му пружија поддршка на Зеленски.

„Вашето достоинство ја одразува храброста на украинскиот народ. Бидете силни, бидете храбри, бидете бестрашни. Никогаш не сте сами, драг претседателе Зеленски. Ќе продолжиме да соработуваме со вас кон праведен и траен мир“, се наведува во изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, претседателот на Европскиот совет Антонио Конте и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ