Повеќе министри за надворешни работи на членки на ЕУ денес во Брисел кажа дека Сирија „треба да се ослободи“ од руското влијание како воените бази во земјата, додаде Калас. Таа кажа дека испратила висок дипломат да се сретне со претставници на Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), терористичката група која исплива како водечка сила во Дамас при офанзивата на џихадистите со која беше урнат претседателот Башар ал Асад.
Лидерите на ЕУ во Брисел го поздравија уривањето на Асад, откако на земјата ѝ наметнаа тешки санкции. Но сега се пред дилема како да се справат со ХТС, групата која Обединетите нации ја сметаат за терористичка организација. Групата беше подружница на Ал каеда сè до поразот на џихадистичката мрежа во Сирија во 2016 година.
Во 2020 година ЕУ ја обвини ХТС дека нелегално затвора, мачи и убива цивили кои живеат во подрачјата под контрола на терористичката група и дека врши воени злосторства или злосторства против човештвото. „Не сакаме да видиме екстремизам и радикализација“, кажа Калас, додавајќи дека ХТС „до сега ги кажува правите нешта“, но дека групата ќе се оценува според она што ќе го прави.
„Мораме да имаме план кога ќе видиме чекори, да дејствуваме позитивно и да помогнеме во развојот на Сирија“, кажа таа.
Моменталните санкции на ЕУ вклучуваат забрана за извоз на оружје во Сирија и увоз на нафта од таа земја, како и забрана за инвестиции во сириската нафтена индустрија и замрзнување на средствата на Сириската централна банка во ЕУ.