среда, 23 октомври 2024

Шеф на УНРВА: Евакуацијата на луѓето од Рафа што ја бара Израел е невозможна

Главниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА) смета дека евакуацијата на луѓето од градот Рафа на југот на Појасот Газа, што ја бара Израел, е невозможна, пишува германската агенција дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Филип Лазарини праша каде треба да се евакуираат 1,4 милиони луѓе собрани во Рафа. Нема безбедно место во Газа, рече тој во изјава за швајцарскиот весник Ноје Цуерхер Цајтунг.

Северот е полн со неексплодирани бомби и луѓето не можат да се преместат таму, според Лазарини. Тој додаде дека таму се заканува и глад.

Израелската влада ги повика организациите на ОН кои работат во регионот да помогнат во евакуацијата на цивилите од Рафа. Вооружените сили го гледаат градот како последно упориште на палестинската исламистичка организација Хамас, која сакаат да ја уништат во војната.

Според ОН, повеќе од 1,4 милиони луѓе побегнале од други делови на крајбрежната енклава и побарале засолниште во градот кој некогаш броел 250.000 жители. Израел предложи жителите на Рафа да се преселат во големи шаторски градови северно од Рафа.

Лазарини рече дека луѓето веќе неколкупати бегале во крајбрежната област. Повеќе од 100.000 луѓе загинале, биле ранети или исчезнале. Речиси 18.000 деца во Газа останале сираци за само четири месеци.

Палестинската хуманитарна организација е под истрага по израелските наводи дека 12 вработени во УНРВА учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ