Познати се сите учесници на континенталниот собир во Германија, Полска го чекираше последниот билет.
Роберт Левандовски и дружината цели 120 минути не шутнаа во рамките на голот на Велс, но затоа беа перфектни од 11 метри, ги реализираа своите пенали, а Даниел Џејмс не го издржа притисокот, биеше лошо и му овозможи на Војчех Шчесни да одбрани и да се прослави.