недела, 22 декември 2024

Шатунас од Литванија: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите

Заменик-министерот за надворешни работи на Литванија, Симонас Шатунас, чија земја оваа година одбележува 20-години членство во Европската Унија, во интервју за МИА нагласува дека билатералните прашања не смеат да го попречат процесот на преговори и членство, но од друга страна важно е и веќе преземените обврски да се спроведуваат.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето за тоа каков е ставот на Литванија за одложеното дејство на уставните измени, но и дали има сознанија за мислењето на останатите членки на Унијата, Шатунас без конкрентен одговор и со став дека сметаат оти е потребно да има се помалку билатерални прашања, но да се продолжи со спроведување на она што до моментот е преземено како обврска, со цел понатаму целосно да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори.

„Како што кажав претходно, ние сметаме дека билатералните прашања не смее да го засенат или попречат процесот на преговори и пристапување. Од друга страна, многу е важно кога се склучуваат договори и се преземаат обврски да нема застој и да нема повторно отворање, односно дека обврските треба да се спроведат инаку може да дојде до нова реалност и повторни одложувања. Затоа ние сметаме дека треба да има што помалку билатерални прашања, но доколку се преземат обврски тогаш е подобро да се продолжи со спроведувањето и процесот да се движи напред, бидејќи тоа е целата идеја, да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори“, вели Шатунас.

Во интервјуто Шатунас говори за целта на неговата посета, за билатералната соработка и искуствата кои Литванија може да ѝ ги понуди на земјава во процесот на евроинтеграција, но и за самиот процес и колку навистина се води по мерит системот и е заштитен од билатерализација.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ