сабота, 21 декември 2024

Шарпланинецот Љубо од Прилеп стана светски шампион

Прилепскиот шарпланинец Љубо од  одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа во Хрватска. Љубо е стар 3 години и ова е негова прва толку висока награда. Годинава имало голема и силна конкуренција, наградата Љубо ја освоил помеѓу 41 шарпланинец кои се бореле за оваа титула, јави ТВ Сител.

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, пред се треба да има генетски предиспозиции, да е роден за изложба, да ја сака изложбата, затоа што многу често кучиња кои се навистина добри, но карактерно едноставно не сакаат да учествуваат на изложба, самото куче не е проводливо. Бара посветеност, бара внимание, бара физички тренинзи, ние одгледувачите често знаеме да употребиме и психички подготовки на кучето, значи не е сеедно куче чувано во двор, во планина кога ти го внесуваш во сала каде има над 10.000 кучиња, луѓе, ехо, озвучување и слично. Кога некое куче ќе одредиме дека можеби ќе биде добро за изложби, ние од најраните класи, од папи класата почнуваме да го носиме на секаков вид на изложби“, истакна Александар Каравилоски, сопственик на шарпланинецот Љубо.

Инаку за Каравилоски ова не е прва ваква голема награда. Тие со своите шарпланинци од 2013 година до денес имаат бројни успеси како на европско така и на светско ниво.

„Во 2017 ја освоивме титулата светски првак, ова е потомок од легендарниот наш пес Дичо, кој се надеваме дека ќе ги повтори успесите“, додаде Каравилоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ