Со синоќешните натпревари заврши регуларниот дел од сезоната во НБА и познати се двојките од плеј-офот.
Шампионот Денвер синоќа го победи Мемфис, но поради киксот во претходно коло од втората позиција влегува во разигрувањето. Прв на западот заврши тимот на Оклахома.
На истокот немаше непознати за врвот, апсолутна доминација имаше Бостон кој имаше и најдобар скор во лигата.
Денвер за противник во плејофот ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Њу Орлеанс и Лејкерс кои во меч од плеј-ин ќе се борат за продолжување на сезоната. Поразениот од овој дуел ќе игра со победникот од Сакраменто и Голден стејт по што ќе биде познат и вториот патник во плеј-офот.
На истокот Филаделфија и Мајами со еден дуел ќе одлучуваат кој ќе оди во плеј-офот. А поразениот од овој меч ќе има уште една шанса, ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Чикаго и Атланта.