Во потрага по минутажа, Чурлинов ја прифати опцијата да се врати во Шалке и да му помогне на славниот тим да избори опстанок во германската втора лига.
Македонецот во Шалке доаѓа на позајмица до крајот на сезоната со опција за целосен откуп на договорот.
„Среќен сум што се враќам во Шалке. Постојано бев во контакт со клубот и со навивачите откако си заминав од тука. Сакам да му вратам на клубот за довербата која ја покажа, по можност тоа да биде со голови и асистенции, а најмногу од сѐ со победи“, рече Чурлинов.
GUESS WHO'S BACK…🃏 pic.twitter.com/Gpokf3qsFi
— FC Schalke 04 (@s04) January 23, 2024