„Не можам да зборувам во име на огранокот, можам да зборувам во мое име затоа што сум член на огранокот и член на Претседателството, но секоја одлука мора да се донесе од органите на партијата. Се додека немаме нешто официјално, не би сакал да коментирам, но секој би бил добредојден. Тоа е многу важно за Петтата изборна единица, бидејќи секој пат сме покажале максимален резултат таму и мора да дадеме се од себе за да ги постигнеме тие резултати. Би рекол дека секое обединување за да се зголеми бројот на пратеници во однос на претходната година – би било добредојдено“, рече Шаќири.
Во однос на порастот на платите на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и реакциите на синдикатите на другите јавни универзитети зошто тие не добиле покачување, Шаќири како министер за образование и наука нагласи дека до овој момент ниту еден синдикат или универзитет не се обратил до Министерството за образование и наука со такво барање.
– Елементот е од правен карактер, односно ограничувањата што произлегуваат од Изборниот закон. Ќе треба да ги видиме и да ги земеме предвид. За мене е многу поважна позитивната иницијатива за покачување на платите на јавен универзитет за да продолжи поддршката што ќе ја имаат сите други јавни универзитети во државата, рече Шаќири.