сабота, 19 октомври 2024

Севернокорејски хакери пет месеци шпионирале руско воено биро за развој на ракети

Објавено на

часот

Сподели

Два тима хакери кои се во блиска спрега со владата на Северна Кореја успеале да инсталираат дигитална „задна врата“ или излези за информации во системот на КБ Машиностроенија (КБМ).

Ројтерс дознава дека групите Скаркрафт и Лазарус со помош на внимателно осмислен код во текот на пет месеци минатата година имале пристап до тајните информации на руското воено развојно биро.

Новинската агенција, меѓутоа, не може да утврди дали, колку или кои податоци се преземени од КБМ за време на шпионската акција.

Набрзо по дигиталниот пробив, Пјонгјанг известил за достигнувања во својата програма за балистички проектили, но не е јасно дали тоа е поврзано со дигиталната шпионска акција.

Експертите велат дека инцидентот ја покажува спремноста на изолираната Северна Кореја на тоа да ги шпионира и своите сојузници, како Русија, во обидот да дојде до напредна воена технологија.

КБМ со седиште во Реутово, мало место на периферијата на Москва, не одговориле на барањата на Ројтерс за коментар, како ни руската амбасада во Вашингтон.

Вестите за хакерското шпионирање доаѓаат набрзо по неодамнешната посета на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на Пјонгјанг минатиот месец, на 70-годишнината од Корејската војна, што е прва таква посета од распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ