среда, 16 октомври 2024

Северна Кореја тврди дека 1,4 милиони млади ѝ се приклучиле на војската

Севернокорејските државни медиуми објавија дека оваа недела, околу 1,4 милиони млади луѓе, вклучително студенти и претставници на младинската лига, ѝ се приклучиле или се вратиле во војската.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Младите се решени да се борат во „светата војна за уништување на непријателот“, се вели во извештајот на КЦНА.

Тврдењето на Северна Кореја дека над милион млади се пријавиле за воена служба за само два дена доаѓа во време на високи тензии на Корејскиот полуостров.

Минатата година, севернокорејските медиуми објавија слично тврдење за масовни доброволни пријави на граѓаните во војска за борба против САД.

Во вторникот, Северна Кореја на својата страна разнесе делови од патишта и железнички линии што ги поврзуваат двете Кореи преку силно утврдената граница.

Пјонгјанг, исто така, го обвини Сеул дека испраќа беспилотни летала над севернокорејската престолнина, а двете Кореи се судрија околу балони со ѓубре што од мај долетуваа од Северна Кореја. Пјонгјанг рече дека лансирањето на балоните е одговор на балоните испратени од југ од антирежимски активисти.

„Ако избие војна, Јужна Кореја ќе биде избришана од мапата. Бидејќи сака војна, ние сме подготвени да го прекинеме нејзиното постоење“, се вели во извештајот на КЦНА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ