Жителите на Сеул имаа непријатно будење бидејќи во 6:32 часот по локално време се огласија сирените за тревога, предупредувајќи на можна евакуација. Но, само 10 минути подоцна тревогата била прекината, а властите тврдат дека била огласена по грешка. Тревогата беше издадена и во јужната јапонска префектура Окинава, но набрзо се виде дека ракетата не може да стигне до јапонска територија, па и таа тревога беше повлечена.
Северна Кореја претходно ги извести меѓународните власти дека ќе лансира ракета кон југ, а се очекуваше остатоци да паднат во Жолтото Море и Тихиот Океан.