вторник, 24 декември 2024

Северна Кореја истрела моќна ракета, Јапонија: Може да стигне до каде било во САД

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета, јави јужнокорејската војска, а јапонски официјален претставник изјави дека станува збор за интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) со дострел поголем од 15.000 километри. Тоа е второ лансирање ракета за помалку од 12 часа, а истрелана е од област во близина на главниот град Пјонгјанг кон морето долж источниот брег на Северна Кореја и прелета околу илјада километри, соопшти Генералштабот на јужнокорејската војска.

Објавено на

часот

Сподели

Податоците за дострелот на ракетата не беа веднаш достапни. Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата падналa во морето западно од островот Хокаидо околу еден час по лансирањето. Заменик-министерот за одбрана Шинго Мијаке им рече на новинарите дека станува збор за ракета од класата ИЦБМ, која има дострел од повеќе од 15.000 километри и може да стигне до каде било во САД, додавајќи дека проектилот летал околу 73 минути.

Северна Кореја претходните ракети ги истрела од меѓународниот аеродром во близина на Пјонгјанг. Минатата недела заменик-советникот за национална безбедност на Јужна Кореја рече дека Северна Кореја можеби се подготвува да лансира интерконтинентални балистички ракети, одбивајќи да даде детали.

Последното лансирање на проектил уследи по вчерашното лансирање на балистичка ракета со краток дострел, која прелета околу 570 километри од област во близина на Пјонгјанг и падна во океанот. По лансирањето, Северна Кореја објави соопштение во кое ги осудува САД за оркестрација на „увертира во нуклеарна војна“, вклучително и пристигнувањето на подморница на нуклеарен погон во Јужна Кореја во неделата.

Соединетите Држави го осудија лансирањето на проектили од Северна Кореја, а портпаролот на Стејт департментот рече дека тие претставуваат закана за соседните земји. „Овие лансирања, како и другите лансирања на балистички ракети од страна на Пјонгјанг оваа година, прекршуваат повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации“, рече портпаролот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ