четврток, 26 декември 2024

Сериозни проблеми на Попова Шапка пред почетокот на ски сезоната

Мизерна е состојбата на ски-центарот Попова Шапка пред претстојната зимска сезона. Се соочуваме со огромни тешкотии во подготовките за сезоната, немаме работници, жичарниците се неисправни…, изјави новиот директор Абдулгани Алији.

Објавено на

часот

Сподели

„Затекнав два месеци неисплатени плати на работниците и недостиг на пари за подготовка за сезоната. Посебно е критична ситуацијата со ски-лифтовите, кои сè уште немаат техничко одобрение. Сепак, веќе ангажиравме стручни лица и започнавме со постапките за обезбедување на сите потребни дозволи до стартот на сезоната“, истакна Алији.

Тој предупреди на потенцијални злоупотреби од поранешното раководство и најави ревизија на работењето.

„Нашето раководство, заедно со надзорниот одбор, вчера на состанок го вклучи барањето за внатрешна контрола, со цел да се утврдат евентуални злоупотреби“, додаде Алији, пренесе Алсат-М.

И покрај бројните предизвици, Алији изрази оптимизам дека сезоната на Попова Шапка ќе започне според планот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ