Samsung ја претстави иднината – храбар, неконвенционален и длабоко интерактивен, овој настан ги сруши границите помеѓу реалноста и имагинацијата. Гостите не беа само набљудувачи, туку активни учесници во приказната на Galaxy AI, чувствувајќи ја моќта на технологијата преку сопствените креации, емоции и интеракции. Наместо класични презентации, Samsung понуди револуционерно искуство, каде што технологијата не само што се гледа – туку се доживува. Со ова, Samsung уште еднаш докажа дека иднината не е далечна, туку веќе е тука.
Гостите имаа можност да ги истражат новите функции на серијата Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25 преку интерактивните Galaxy димензии и од прва рака да ја доживеат моќта на вештачката интелигенција. Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметнитетелефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.
Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна.
„Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“
Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.
Друга клучна иновација се напредните перформанси 1 на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.
И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со 1 подобрувањата во AP перформансите споредени со Galaxy S24 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката околина, условите и однапред инсталираниот софтвер и апликации.
Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари.
Комерцијален текст