Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25, поставувајќи нов стандард за вистински AI придружник со нашите најприродни и најконтекстуални мобилни искуства што некогаш биле создадени. Со воведувањето на мултимодални AI агенти, серијата Galaxy S25 е првиот чекор во визијата на Samsung за промена на начинот на кој корисниците комуницираат со својот телефон – и со светот околу себе. Првиот од ваков вид приспособена мобилна платформа Snapdragon® 8 Elite за Galaxy чипсет обезбедува поголема моќ на процесирање на уредот за Galaxy AI[1] и супериорен опсег и контрола на камерата со следната генерација на Galaxy ProVisual Engine.
„Најголемите иновации се одраз на нивните корисници, затоа ние ја развивме Galaxy AI за да им помогнеме на сите да комуницираат со своите уреди поприродно и без напор, верувајќи дека нивната приватност е обезбедена,“ изјави ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Серијата Galaxy S25 ја отвора вратата за AI-интегриран оперативен систем кој суштински го менува начинот на кој ја користиме технологијата и како ги живееме нашите животи.“
Најинтуитивни и најлесни мобилни интеракции досега
Со One UI 7[2], серијата Galaxy S25 станува вистински AI придружник кој го разбира контекстот на вашите потреби и преференции, нудејќи персонализирани AI искуства со обезбедена приватност во секој момент. Ова е почетна точка на заедничката визија со Google да се замисли Android со вештачка интелигенција во својот фокус, здружувајќи ги програмерите и партнерите од целиот свет.
AI агентите со мултимодални способности му овозможуваат на Galaxy S25 да интерпретира текст, говор, слики и видеа, за интеракциите да се чувствуваат природно. Надградбите на Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)[3] го прават пребарувањето на екранот на вашиот телефон покорисно, брзо и контекстуално. Функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) сега брзо ги препознава телефонските броеви, е-поштата и URL-адресите на вашиот екран, овозможувајќи ви да се јавувате, да пишувате е-пошта или да посетите веб-страница со еден допир.
Со серијата Galaxy S25 може да вршите и пребарувања со контекстуални предлози за следните чекори. Плус, Galaxy S25 овозможува беспрекорно префрлање помеѓу апликации за брзи последователни дејства, како споделување GIF или зачувување детали за настани.
Galaxy S25 претставува и напредок во разбирањето на природниот јазик, правејќи ги секојдневните интеракции поедноставни. Само прашајте и интуитивно пронајдете одредена фотографија во Галеријата на Samsung или прилагодете ја големината на фонтовите во Поставките.
Само притиснете и задржете го страничното копче за да активирате Gemini за беспрекорна интеракција меѓу апликациите на Samsung и Google. На пример, пронајдете го распоредот на натпревари на вашиот омилен спортски тим и додајте го во Календарот на Samsung – со една команда.
Овие интуитивни интеракции се дополнително унапредени преку проширување на популарните алатки на Galaxy AI за комуникација, продуктивност и креативност. Galaxy S25 ги организира повиците со функцијата Транскрипција на повик (Call Transcript)[4] и резиме. Функциите за Помош при пишување како што е резимирање на содржина или автоматско форматирање белешки може да се овозможат онаму каде што може да се избираат текстови, без потреба од префрлање помеѓу апликации. Функцијата Помош за цртање (Drawing Assist)[5] отвора нови можности за оживување на идеите преку комбинирање на скици, текст или визуелни насоки.
Хиперперсонализирани искуства со обезбедена приватност
Во ерата на вештачката интелигенција, персонализацијата оди рака под рака со приватноста. На Galaxy S25, Personal Data Engine[6] овозможува персонализирани AI функции преку безбедна анализа на вашите податоци на уредот, нудејќи искуства кои се навистина прилагодени на вашите преференции и навики. Овие увиди обезбедуваат приспособени искуства, како што е пребарување стара фотографија во Галерија користејќи природен јазик или водење низ денот со функцијата Now Brief[7], која проактивно нуди предлози достапни преку Now Bar[8] на екранот за заклучување. Сите персонализирани податоци се приватни, а клучот за енкрипција е безбедно складиран во Knox Vault. Во комбинација со напредните способности за обработка директно на уредот, на овој начин се создава моќно и заштитено AI искуство кое е уникатно за Galaxy.
Galaxy S25 воведува и постквантна криптографија, која ги штити личните податоци од нови закани кои би можеле да се зголемат со развојот на квантната компјутерска технологија.
Бидејќи нема приватност без холистичка безбедност, One UI 7 ја постави основата за овие иновации преку воведување дополнителен зајакнат слој на безбедност на уредите, дизајниран за ерата на AI и хиперконективност. Дополнителните ажурирања вклучуваат нови поставки за Максимални ограничувања (Maximum Restrictions), подобрена Заштита од кражба (Theft Protection) и новa Knox Matrix контролна табла за следење на статусот на безбедност низ целиот екосистем на поврзани уреди.
Најмоќните перформанси на Galaxy досега
Серијата Galaxy S25 се напојува со Qualcomm Snapdragon® 8 Elite за Galaxy. Со уникатните приспособувања на Galaxy, ова е најмоќниот процесор досега во серијата Galaxy S, што обезбедува зголемување на перформансите од 40% во NPU, 37% во CPU[9] и 30% во GPU во споредба со претходната генерација. Оваа моќ го поддржува капацитетот на серијата Galaxy S25 за обработка на повеќе AI искуства директно на уредот, без компромитирање, вклучувајќи задачи базирани на AI кои претходно биле извршувани на клауд, како на пример Генеративно уредување (Generative Edit)[10].
Samsung и Qualcomm Technologies работеа заедно за да го приспособат Snapdragon® 8 Elite за Galaxy. Серијата Galaxy S25 се одликува со напредна, ефикасна обработка на слики со вештачка интелигенција со ProScaler[11] за да се постигне 40% подобрување[12] во квалитетот во прецизноста на сликите на екранот, додека ја инкорпорира приспособената мобилна технологија Digital Natural Image engine (mDNIe) на Samsung во процесорот користејќи Galaxy IP за да овозможи поголема ефикасност на потрошувачката на енергија на екранот.
Snapdragon® 8 Elite за Galaxy е исто така опремен со Vulkan Engine и подобрено Ray Tracing, што овозможува побеспрекорен и пореален гејминг.
Целото интензивно користење на уредот и обработката со вештачка интелигенција се беспрекорни благодарение на изменетата структура за дисипација на топлина со 40% поголем комора за пареа и специјално дизајниран материјал за топлински интерфејс (TIM) кој овозможува дополнително подобрување на топлинската ефикасност.
Ослободување на вистинската професионална креативност
Серијата Galaxy S25 нуди ултра-детални снимки во секој опсег, со сензори со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилна фотографија. Со новиот сензор на ултра-широка камера од 50 MP надграден од претходните 12 MP, Galaxy S25 Ultra обезбедува исклучителна јасност и живописност.
10-битното HDR снимање сега се применува стандардно и нуди четирипати побогат израз на боите во споредба со 8-битното снимање. Така, Galaxy S25 може да сними детали во какви било услови на осветлување. Исто така, видеата во слаба светлина никогаш не биле почисти отколку со Galaxy S25[13]. Врз основа на моќниот процесор, Galaxy S25 ги анализира движењата и времето за поефикасно намалување на бучавата. Оваа интеграција овозможува откривање на подвижни и статични објекти со поголема прецизност, обезбедувајќи поостри и почисти снимки во секое сценарио.
Galaxy S25, исто така, воведува и низа алатки кои претходно беа достапни само во специјализиран софтвер, правејќи ги напредните уредувања достапни за сите. Сега секој може да стане професионалец во уредувањето на фотографии и видеа. Функцијата Audio Eraser[14] го поедноставува отстранувањето на несаканите звуци од видеата. Со изолирање на категории на звуци – како гласови, толпа, ветер, музика, природни звуци и позадинска бучава – вие можете да контролирате што да намалите или целосно да елиминирате.
За мобилно искуство налик на DSLR, Galaxy S25 воведува контрола на длабочината на полето преку Virtual Aperture, интегрирана во популарниот Expert RAW режим[15]. Galaxy S25, исто така, ја унапредува кинематографската креативност со Galaxy Log, овозможувајќи прецизни опции за градирање на боите за попрофесионално видео производство.
Функцијата Portrait Studio[16], исто така, е подобрена, овозможувајќи им на корисниците да креираат персонализирани аватари со повеќе реални изрази на лицето. Филтрите воведуваат нови филтри во аналоген стил, обезбедувајќи филмска естетика за нивните фотографии и видеа.
Издржлив дизајн со поциркуларен пристап
Серијата Galaxy S25 се надоврзува на „суштинскиот дизајн“ на Galaxy заснован на „едноставни, влијателни и емотивни“ елементи. Galaxy S25 Ultra ја рафинира оваа суштина во најтенката, најлесната и најиздржливата Galaxy S серија досега, со заоблен раб што го надополнува естетскиот идентитет на серијата.
Galaxy S25 Ultra се одликува со издржлив титаниум и со новиот Corning® Gorilla® Armor 2, уникатен материјал кој е поиздржлив од стаклото. Ја комбинира стакло-керамиката на Corning со сопствен третман на анти-рефлексната површина, со што се обезбедува напредна заштита од паѓање покрај третманот на анти-рефлексната површина и отпорноста на гребење.[17]
Секоја надворешна компонента на Galaxy S25+ и S25 сега вклучува најмалку еден рециклиран материјал[18], додека металната рамка за првпат[19] содржи рециклиран оклопен алуминиум.
Исто така, додека секој уред од серијата Galaxy S25 користи најмалку 50% рециклиран кобалт за својата батерија[20], Galaxy S25 ќе биде првиот Galaxy паметен телефон кој ќе вклучува батерии направени со рециклиран кобалт од стари Galaxy уреди или батерии отфрлени при нивното производство. Samsung соработува со партнери кои го делат истиот пристап, минувајќи низ повеќе фази – од извлекување на кобалт од користени батерии до негово повторно користење во батериите на Galaxy S25.
Во комбинација со седум генерации на надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања[21], серијата Galaxy S25 обезбедува сигурни и оптимизирани перформанси во подолг животен век.
Сите уреди Galaxy S25 ќе имаат 6 месеци Gemini Advanced и 2 TB простор за клауд, без дополнителни трошоци. Gemini Advanced доаѓа со нашите најдобри AI модели и приоритетен пристап до најновите функции, како што е Gems, приспособени AI експерти за која било тема и Deep Research, кој работи како ваш личен AI асистент за истражување.
Серијата Galaxy S25 ќе биде достапна за нарачка од 23 јануари. Galaxy S25 Ultra ќе биде достапен[22] во следните бои: титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива. Galaxy S25 и Galaxy S25+ ќе бидат достапни во: темносина, сребрена, ледено сина и ментол зелена.
За повеќе информации за серијата Galaxy S25, посетете: Samsung Newsroom, SamsungMobilePress.com или Samsung.com/mk.
Поддршка за корисници
Поддршката за корисници на Samsung нуди широк опсег на помош, од обезбедување на прирачници за корисникот, решавање проблеми преку ЧПП и видеа со упатства, до наоѓање на најблискиот овластен сервисен центар. Имаме 546 овластени сервисни центри за мобилни уреди низ Европа.
За мобилни уреди, можете да ја користите нашата услуга за далечинско управување, преку која еден од нашите специјално обучени експерти далечински го прегледува и контролира вашиот паметен телефон Samsung Galaxy за директно да ви помогне со вашиот уред. Исто така, имаме достапни алтернативни опции за поддршка, вклучувајќи Live Chat[23] и WhatsApp[24] каде што можете да разговарате со еден од нашите обучени агенти. Заедницата на Samsung е уште една платформа за самопомош каде што можете директно да комуницирате со другите корисници на Samsung, да разговарате за вашите нови уреди, да поставувате прашања и да споделувате искуства.
За да ја најдете најсоодветната опција за поддршка, посетете: https://www.samsung.com/mk/support/.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] Може да биде потребна најава на сметката на Samsung Account за користење на одредени функции на Samsung AI. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или сигурноста на излезот обезбеден од AI функциите. Достапноста на функциите на Galaxy AI може да варира во зависност од регионот/државата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и мобилниот оператор. Достапноста на некои функции може да варира според моделот на уредот. Услугата Galaxy AI може да биде ограничена за малолетници во одредени региони со возрасни ограничувања за користење на AI. Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно до крајот на 2025 година на поддржаните Samsung Galaxy уреди. Различни услови може да важат за AI функции обезбедени од трети страни.
[2] Официјалното објавување на One UI 7 ќе започне со претстојните уреди од серијата Galaxy S. Ажурирањето се очекува постепено да се прошири и на другите Galaxy уреди.
[3] Пребарување со заокружување (Circle to Search) е заштитен знак на Google LLC. Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустративни цели. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Потребна е интернет врска. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат апликациите за Android и Google на најновата верзија. Резултатите може да се разликуваат во зависност од визуелните или аудио совпаѓањата. Точноста на резултатите не е загарантирана. Работи на компатибилни апликации и површини и само со амбиентална музика. Нема да ја идентификува музиката што доаѓа преку слушалките или ако јачината на звукот на телефонот е исклучена.
[4] Функцијата Транскрипција на повик (Call Transcript) бара мрежна врска за примање повици. Потребно е најавување на сметката на Samsung. Функцијата за резиме во Транскрипција на повик (Call Transcript) овозможува автоматска транскрипција на снимени повици кога е исполнет одреден број знаци и е под ограничувањето за знаците. Снимањето повици може да не е поддржано во некои земји. Моментално е достапно на претходно инсталираните телефони Samsung и апликацијата Voice Record. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот или регионот. Одредени јазици може да бараат преземање јазичен пакет. Точноста на резултатите не е загарантирана
[5] Функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Видлив воден печат е преклопен на излезот на сликата по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот излез не се загарантирани.
[6] Personal Data Engine функционира под услов да е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе се избришат откако ќе се исклучи менито Personal Data Intelligence. Personal Data Engine препознава избрани јазици и одредени акценти/дијалекти, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на арапски, (поедноставен) кинески, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски, романски, руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски. Personal Data Engine моментално ги анализира домашните апликации на Samsung
[7] Место за текст: Samsung ќе сподели какви било ограничувања што треба да бидат обелоденети.
[8] Достапноста на функциите поддржани во апликациите може да се разликува во зависност од земја. Некои функционални виџети може да бараат мрежна врска и/или најавување на сметката на Samsung.
[9] Подобрувањата на перформансите на АР споредени со Galaxy S24 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничкото опкружување, условите и претходно инсталираниот софтвер и апликации.
[10] Генеративно уредување (Generative Edit) бара најавување на сметката на Samsung. Уредувањето со Генеративно уредување (Generative Edit) резултира со слика со променета големина до 12MP. Видлив воден жиг се поставува врз излезната слика при зачувување, со цел да се означи дека сликата е генерирана од Galaxy AI. Точноста и сигурноста на генерираниот излез не се загарантирани.
[11] Функцијата ProScaler е поддржана кај моделите Galaxy S25+ и Ultra. Квалитетот на сликата може да се подобри до QHD+, во зависност од поставката за резолуција на екранот на уредот.
[12] Споредено со серијата Galaxy S24. Се базира на тестот PSNR (Peak Signal-to-Noise Ratio).
[13] Споредено со снимањето видеа при слаба осветленост на серијата Galaxy S24.
[14] Резултатите може да се разликуваат по видео во зависност од тоа како се присутни звуците во видеото. Потребно е најавување на сметката на Samsung. Може да се детектираат одредени видови звуци како гласови, музика, ветер, природа, гужва и бучава. Откривањето на вистинскиот звук може да варира во зависност од изворот на звук и состојбата на видеото. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[15] Expert RAW може да се преземе од Galaxy Store. Апликацијата е достапна на Galaxy S20 или поновите модели.
[16] Функцијата Portrait Studio за Photo Assist бара мрежна врска и најавување на сметката на Samsung. Уредувањето со Portrait Studio резултира со промена на големината на фотографијата. Видлив воден печат е преклопен на излезот на сликата по зачувувањето со цел да се покаже дека сликата е генерирана од вештачка интелигенција. Точноста и веродостојноста на генерираниот излез не се загарантирани.
[17] Споредено со Corning® Gorilla® Armor на Galaxy S24 Ultra
[18] Секој надворешен дел од Galaxy S25+ и S25, вклучувајќи го предниот екран, задното стакло, металната рамка (преден дел на куќиштето), страничното копче, копчето за јачина на звук и лежиштето за SIM-картичка, содржи најмалку еден рециклиран материјал.
[19]Металната рамка (преден дел на куќиштето) на Galaxy S25+ и S25 содржи минимум 20% рециклиран алуминиум според тежина.
[20] Минимум 25% од батеријата на Galaxy S25 е кобалт по тежина, од кои 50% е рециклиран кобалт.
[21] Серијата Galaxy S25 ќе биде поддржана со седум генерации надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања од датумот на глобално лансирање.
[22] Боите може да се разликуваат во зависност од пазарот и мрежниот провајдер.
[23] Live Chat е достапен за Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Шпанија, Португалија, Полска, Хрватска, Босна, Северна Македонија, Словенија, Србија, Албанија, Грција, Унгарија, Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Литванија, Латвија, Естонија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија и Украина.
[24] WhatsApp е достапен за Франција, Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска, Хрватска, Босна, Северна Македонија, Словенија, Србија, Албанија, Грција, Унгарија, Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Литванија, Летонија, Естонија, Чешка, Словачка и Романија.
СПЕЦИФИКАЦИЈА
Galaxy S25 Ultra | |
Екран | 6.9-инчен* QHD+ Dynamic AMOLED 2X Екран Super Smooth 120Hz стапка на освежување (1~120Hz) Vision booster Приспособлив тон на боја |
*Mерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S25 Ultra е 6,9 инчи во цел правоаголник и 6,8 инчи со заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради отврот на камерата | |
Димензии и тежина | 77.6 X 162.8 X 8.2mm, 218g |
Камера | 50MP ултра-широка камера
200 MP широка камера
50MP Телефото камера
10MP Телефото камера
12MP Предна камера
|
Меморија и складирање | 12GB + 1TB 12 + 512GB 12 + 256GB |
*Достапниот капацитет за складирање е предмет на претходно вчитан софтвер. *Опцијата за меморија може да варира во зависност од пазарот. | |
Батерија | 5,000 mAh |
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 4,855 mAh. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. | |
Полнење* | Жично полнење*: Полнење до 65 % за околу 30 минути со адаптер од 45W ** Брзо безжично полнење 2.0*** Бежичен PowerShare**** |
Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFCPD. | |
** Адаптер за напојување од 45 W се продава посебно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung. | |
*** Безжно полнење компатибилно со WPC. | |
**** Ограничено на Samsung или паметни телефони од друг бренд со безжично полнење Qi, како на пр.: Galaxy S24 Ultra, S24+, S24, S23 Ultra, S23+, S23, Z Fold 4, Z Flip4, серијата S22, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, серијата S21, серијата Z Fold2, Note20, серијата S20, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE и Note5. Достапно само со одредени носиви уреди на Samsung Galaxy, како на пр.: Galaxy Buds FE, Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch6, Watch6 Classic, Watch5, Watch 5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Ако моќноста на батеријата е помала од 30%, безжичниот PowerShare може да не функционира. Може да не работи со одредени додатоци, футроли, уреди од друг бренд или некои носиви уреди. Samsung. Додека трае PowerShare, може да влијае на приемот на повици или услугите за податоци, во зависност од вашето мрежно опкружување. | |
Оперативен систем | Android 15 One UI 7 |
Network and Connectivity | 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.4 |
*Потребна е оптимална 5G мрежна врска, достапна на одредени пазари. Проверете кај вашиот оператор за достапност и детали. Брзините на преземање и стриминг може да се разликуваат врз основа на давателот на содржина, врската со серверот и други фактори. ** Достапноста на LTE моделот варира во зависност од пазарот и операторот. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. *** Достапноста на мрежата Wi-Fi 7 може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска и рутер Wi-Fi 7. | |
Водоотпорност | IP68 |
*Стандард IP68: Врз основа на условите за лабораториски тестови за потопување во до 1,5 метри слатка вода до 30 минути. Исплакнете/исушете ако е влажно. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Отпорноста на вода и прашина на вашиот уред не е постојана и може да се намали со текот на времето. Отпорноста на вода и прашина на пенкалкото S Pen не е постојана и може да се намали со текот на времето поради нормалното абење и кинење. |
Galaxy S25 | Galaxy S25+ | |||
Екран | 6.2-инчен FHD+* | 6.7-инчен QHD+ * | ||
Dynamic AMOLED 2X Екран Super Smooth 120Hz стапка на освежување (1~120Hz) Vision booster Приспособлив тон на боја | ||||
*Мерено дијагонално, големината на екранот на Paradigm е 6,2 инчи во цел правоаголник и 6,0 инчи кога се земаат предвид заоблените агли, а на Paradigm + е 6,7 инчи во цел правоаголник и 6,5 инчи кога се земаат предвид заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата. | ||||
Димензии и тежина | 70.5 x 146.9 x 7.2mm, 162g (mmWave/Sub6) | 75.8 x 158.4 x 7.3mm, 190g (mmWave/Sub6) | ||
Камера | 12MP Ултра-широка камера
50 MP Широка камера
10MP Телефото камера
12MP Предна камера
| |||
Меморија и складирање | 12 + 512GB 12 + 256GB 12 + 128GB | 12 + 512GB 12 + 256GB | ||
*Достапниот капацитет за складирање е предмет на претходно вчитан софтвер. *Опцијата за меморија може да варира во зависност од пазарот. | ||||
Батерија | 4,000 mAh | 4,900 mAh | ||
*Типична вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 3,885 mAh заr Galaxy S25 и 4,755 mAh за Galaxy S25+. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. | ||||
Полнење | Жично полнење*: Полнење до 50 % за околу 30 минути со адаптер од 25 W** и 3A USB-C кабел*** Брзо безжично полнење 2.0**** Бежичен PowerShare***** | Жично полнење*: Полнење до 65 % за околу 30 минути со адаптер од 45 W** Брзо безжично полнење 2.0**** Бежичен PowerShare***** | ||
*Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFCPD. | ||||
**Адаптерот за напојување и кабелот се продаваат посебно. Се препорачува користење на оригинален адаптер за напојување од 45 W и кабел на Samsung за Galaxy S2т+ оригинален адаптер за напојување од 25 W и кабел на Samsung за Galaxy S25. | ||||
***Резултати од внатрешни лабораториски тестови на Samsung, спроведени со адаптер за патување од 25 W поврзан со однапред претставена верзија на Galaxy S25 и адаптер за патување од 45 W поврзан со однапред претставена верзија на Galaxy S25+, додека уредот имал преостаната енергија од 0%, со исклучени услуги, функции и екран. Вистинската брзина на полнење може да варира во зависност од вистинската употреба, условите за полнење и други фактори. | ||||
*** Безжно полнење компатибилно со WPC. | ||||
**** Ограничено на Samsung или паметни телефони од друг бренд со безжично полнење Qi, како на пр.: Galaxy S24 Ultra, S24+, S24, S23 Ultra, S23+, S23, Z Fold 4, Z Flip4, серијата S22, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, серијата S21, Z Fold2, серијата Note20, серијата S20, Z Flip, Note10, Note10+, S10e, S10, S10+, Fold, S9, S9+, S8, S8+, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge+, Note9, Note8, Note FE и Note5. Достапно само со одредени носиви уреди на Samsung Galaxy, како на пр.: Galaxy Buds FE, Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch6, Watch6 Classic, Watch5, Watch 5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Ако моќноста на батеријата е помала од 30%, безжичниот PowerShare може да не функционира. Може да не работи со одредени додатоци, футроли, уреди од друг бренд или некои носиви уреди. Samsung. Додека трае PowerShare, може да влијае на приемот на повици или услугите за податоци, во зависност од вашето мрежно опкружување.. | ||||
Оперативен систем | Android 15 One UI 7 | |||
Мрежа и поврзаност | 5G*, LTE**, Wi-Fi 7***, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.4 | |||
5G услугите се поддржани само на локации овозможени 5G мрежа. Потребна е оптимална 5G врска. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. **Достапноста на LTE моделот варира во зависност од пазарот и операторот. *** Достапноста на мрежата Wi-Fi 7E може да варира во зависност од пазарот, добавувачот на мрежата и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска и рутер Wi-Fi 7E. | ||||
Водоотпорност | IP68 | |||
*Стандард IP68: Врз основа на условите за лабораториски тестови за потопување во до 1,5 метри слатка вода до 30 минути. Исплакнете/исушете ако е влажно. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Отпорноста на вода и прашина на вашиот уред не е постојана и може да се намали со текот на времето. Отпорноста на вода и прашина на пенкалкото S Pen не е постојана и може да се намали со текот на времето поради нормалното абење и кинење. | ||||
* Спецификациите може да се разликуваат во зависност од пазарот.
*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот се предмет на промена без известување.
Комерцијален текст