петок, 31 јануари 2025

Серафимов: Мораме да го кренеме нивото на игра, против Црна Гора одиме на победа

Никола Серафимов вели дека Македонија мора да престане да прави исти грешки поради кои и во минатото сме останале без бодови, откако „црвено-жолтите“ испуштија победа во финишот против Молдавија.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија во Анталија продолжува со подготовките за вториот тест натпревар и пресметката против Црна Гора, избраниците на Милевски синоќа беа блиску до победа против Молдавија, но примија гол во финишот и мораа да се задоволат со реми.

„Натпреварот против Молдавија беше тежок, знаевме дека противникот не е наивен. Постигнавме гол на време, вториот дел го отворивме добро, имавме неколку шанси за 2-0, а како не ги истористивме, се случи она непишано фудбалско правило и стигна казна“ – вели Никола Серафимов.

„Што поскоро треба да го кренеме нивото на игра, мораме да останеме со ист фокус и концентрација во текот на сите 90 минути. Не смее да ни се повторуваат истите грешки, поради кои и во минатото сме останувале без бодови“.

Во понеделник, Македонија ќе ги одмери силите со Црна Гора.

„Црна Гора е поквалитетен противник, не очекува далеку тежок натпревар, но имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ