недела, 22 декември 2024

Септември просечно топол, од четврток дожд, грмежи и ветер

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, септември се карактеризира како просечно топол со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, но со поизразено количество врнежи во северозападот на државата.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира УХМР, средномесечната температура се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура е за 0,5 степени натпросечна на ниво на државата.

Највисоката максимална температура е измерена на 3 септември во Гевгелија и изнесувала 37,4 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Лазарополе, на 30 септември и изнесувала -0,6 степени. Во почетокот на месецот, од 1-ви до 8-ми, имаше топол бран, со максимална температура до околу 37,4 степени. Потоа беше просечно топло, а во одредени денови постудено.

Според УХМР, во септември месечната количина на врнежи варирала од 21,7mm во Демир Капија до 90,3 mm во Маврово. Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 40mm е регистрирано во Маврово на 10-ти во месецот. Пообилни врнежи имало во средина на месецот. Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е за 13 отсто под просечната на ниво на државата.

Од УХМР најавуваат дека од четврток нѐ очекуваат дожд, грмежи и ветер.

Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Во среда ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo, а во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд, соопшти УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ