петок, 24 јануари 2025

Сенатот го потврди Џон Ретклиф за директор на ЦИА

Американскиот Сенат денеска со големо мнозинство го потврди назначувањето на Џон Ретклиф за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За именувањето на поранешниот републикански конгресмен и директор на Националното разузнавање гласаа 74 сенатори, а против беа 25, пренесува Политико.

Ретклиф се соочи само со мал отпор од демократите, кои со денови ја блокираа неговата номинација поради загриженоста дека ќе ја политизира работата на агенцијата, откако претседателот Доналд Трамп најави ревизија на националната разузнавачка заедница.

Ретклиф е вториот кандидат за Трамп што е потврден откако новиот претседател положи заклетва во понеделникот, а следниот се очекува да биде кандидатот за министер за одбрана, Пит Хегсет.

Фактот дека номинацијата на Ретклиф помина без проблеми сведочи за неговото искуство во врвот на американската разузнавачка заедница во првиот мандат на Трамп и кажува до кој степен републиканците беа решени да го прифатат ставот на новиот претседател дека му требаат блиски сојузници на чело на клучните безбедносни агенции за да ги реформира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ