петок, 18 октомври 2024

Семејно насилство во Гостивар, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Драчево…

Во билтенот на МВР денеска се регистрирани повеќе случаи на семејно насилство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.С. (36) од Скопје, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 31 август пред продажен објект во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата партнерка, при што ѝ нанел телесна повреда.

Вчера во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Ш. (24) од Скопје, по претходна пријава дека во прифатен центар за бездомни лица во село Визбегово, Скопско, со закана со остар предмет и физичка сила, од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца. Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава.

Рано утрово во СВР Скопје, 34-годишна жена пријавила дека вчера во семејниот дом во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.К. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје, 25-годишна жена од Скопје пријавила дека на 27 септември во семејниот дом на подрачјето на Драчево, таа и нејзината малолетна сестра биле физички нападнати од нејзиниот поранешен партнер А.Ф. (34) од Скопје, кој притоа искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера 29-годишна жена пријавила дека во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг З.С. (34) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ