петок, 18 октомври 2024

Селекторот ги одбра ракометарките за дуелот со Шпанија

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристјан Грчевски го објави списокот со ракометарки за двомечот од квалификациите против Шпанија за пласман на ЕП 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во составот се враќа Симона Маџовска која поради повреда го пропушти баражот за СП против Украина и средбите со Азербејџан и Литванија. По подолго време во националниот тим нема да биде Моника Јанеска која ќе паузира во наредниот период поради бременост.

Собирот на ракометарките е на 25 февруари, а првиот од двата дуели со Шпанија е на 29 февруари во СЦ „Борис Трајковски“. Реваншот е на 3 март во Ланцароте.

Македонија со двете досегашни победи над Литванија и Азербејџан речиси сигурно обезбеди пласман на ЕП, а сега со Шпанија ќе се бори за првото место во групата, кое носи подобар ранкинг на ждрепката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ