сабота, 27 јули 2024

Села до Касами: Не го пикај носот во Алијанса за Албанците

Остро интонираната реакција во соопштението испратено од Алијанса за Албанците упатена кон лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, во кое му се порачува да не го пика носот во туѓа партија, укажува дека зад него стои поранешниот претседател на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на партиското Централно собрание, Зијадин Села, односно неговото крило во партијата која е во раскол. Причината за реакцијата е интервјуто на Касами за Лајм во кое тој рече дека идеален кандидат за претседател на Македонија, е лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Го повикуваме претседателот на Движењето Беса, познат како ‘претседател на бравите’, да не си го пика носот во внатрешните работи на другите субјекти, туку да си го гледа својот двор, а кој го уништи од основањето. Биљал Касами е и универзално и официјално познат по кршењето на брави, познат по насилното влегување во седиштето на неговата партија во 2018 година, кое потоа го демолира. Билал Касами како градоначалник на општина Тетово ќе остане запаметен по кршењето на вратите од зградата во која се наоѓала невладина организација во Тетово.

Тој кој е познат и како симболот на поделбите на албанската политичка сцена, поради кого од Движењето Беса произлегоа уште 7 партии, затоа Биљал Касами не може да фрла со кал врз Алијансата за Албанците“. се вели во реакцијата.

Инаку, во Алијанса за Албанците владее раскол кој кулминираше деновиве со фејсбук пораката  на лидерот Арбен Таравари дека партијата за избори ќе ѝ се приклучи на опозициската коалиција Европски сојуз за промени, односно на Движењето Беса, Алтернатива и Демократско движење кои ја сочинуваат. Зијадин Села се повикува на одлука на Централното собрание за самостоен настап, која вели, не е променета и за во сабота закажа седница на партиското собрание на која бара извештај од Таравари за раззговорите и политичките случувања поврзани со претстојните избори, а има и статутарна можност за разрешување на лидерот со гласвои на две третини од присутните членови на собранието.

Од друга страна, Таравари се повикува на потпишана согласност за преминување во опозиција во предизборниот период од страна на 80 од 133 членови на Централното собрание. Во партиските структури во тек е петиција за поддршка на одлуката на Таравари, но пребројување има и во редовите на крилото што го поддржува Села.

Состанок и соочување очи в очи меѓу поранешниот и сегашниот лидер, засега нема.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ