вторник, 15 октомври 2024
Лидерот на Беса во интервју за Лајм

Касами: Дојде време Албанец, и тоа Таравари, да биде претседател на државата

Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами во интервју за весникот Лајм изјави дека е дојдено времето за претседател на Македонија да биде избран Албанец и оцени дека идеален кандидат за оваа функција е претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Многу искрено разговаравме со д-р Арбен Таравари тој да биде кандидат за претседател  Знаеме колку е тој загрижен поради случувањата во Алијанса за Албанците. Сметам дека тие превираа треба да завршат, а никако да продолжат на нивото на закани и уцени. Посакуваме секој да си тргне по свој пат доколку смета дека е продолжение на Алијанса и нека бара гласови од избирачите кон кои ќе се обрати. Посакувам што поскоро да се расчистат сите дилеми во Алијанса и силно верувам дека Таравари може да биде многу добар кандидат за претседател не само на албанската опозиција, туку верувам и како кандидат прифатлив за сите граѓани на Северна Македонија.

Убеден сум дека дека Северна Македонија е подготвена за претседател Албанец со целосен политички мандат, а не како со симболичните понуди од ДУИ во овие 20 години совладеење кои кулминираа со оваа техничка влада. Со техничка влада во која има премиер Албанец, во влада која е половина албанска, но кога пак, Албанците се подискриминирани од кога било“, изјави Касами за весникот ЛАЈМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ