среда, 30 октомври 2024

Секулов дебитираше за Јуве, Лацио во 93. минута победи (ВИДЕО)

Лацио во првиот меч со Игор Тудор како тренер со 1-0 го победи Јувентус со гол на Марушиќ во 93. минута, фудбалерот со македонското потекло, Никола Секулов, ги одигра првите минути во Серија А.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Секулов е роден во Пијаченца, неговите родители се Македонци, тој има настапи за Македонија У17, но потоа се одлучи да настапува за младинските селекции на Италија.

Пред извесно време беше повлечен од Кремонезе каде беше на позајмица од Јувентус, а денеска ги одигра првите минути во Серија А.

Секулов во игра влезе во 80. минута од натпреварот на местото од Моисе Кин.

Лацио го доби дербито со гол на Марушиќ во 93. минута од натпреварот, погоди со глава по убава асистенција од Гендузи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ