Според првичните информации нема повредени, автобусот немал патници, а возачот успеал на време да излезе и да се спаси.
Од АМСМ известија дека од 21часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од ТППЕ Кичево интервенираа со две екипи при гасење на опожарен автобус.
Регионалниот Центар за управување со кризи од Охрид информира дека автобусот не превезувал патници и дека никој не е повреден.