сабота, 22 февруари 2025

Се урна покрив на трговски центар во Перу: Таванот паднал врз луѓе, загинале дете и двајца возрасни, 74 лица се повредени (ВИДЕО)

Се урна покрив во трговски центар во Перу, при што загинаа три лица, повеќе од 70 се повредени. Повеќе од 200 полицајци се на терен и бараат жртви или повредени.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Засега има тројца загинати, двајца мажи и една жена“, изјави командантот на противпожарната служба Гелки Гомез за ТВ Америка.

Бројот на повредени се искачи на 74, изјави здравствениот претставник на локалната власт Анибал Мориљо, откако Министерството за здравство претходно објави 20 повредени.

„Евакуиравме 74 повредени лица во болници и клиники, од кои 10 се деца. Има 11 тешко повредени“, изјави Мориљо за радиото РПП.

Десетици семејства биле во ресторанот на трговскиот центар кога се урнал покривот, пренесуваат локалните медиуми.

Уривањето се случи во трговскиот комплекс Реал Плаза во Трухиљо, третиот по големина град во земјата, кој се наоѓа на околу 500 километри северно од главниот град Лима. Во тек е потрагата по преживеани, над стотина пожарникари и полицајци ги пребаруваат урнатините.

„Дете е заробено под металните конструкции на покривот“, изјави Морило за телевизија Панамерикана.

Министерот за внатрешни работи Хуан Хозе Сантиванес процени дека површината на урнатиот покрив е од 700 до 800 метри квадратни.

„Потребни ни се хидраулични кранови за да го подигнеме делот од покривот што сè уште не е отстранет бидејќи е толку тежок и да продолжиме со спасувачките операции за оние кои би можеле да бидат заробени“, изјави министерот за телевизијата Канал Ен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ