Си-би-ес њуз објави, повикувајќи се на полициски функционер, дека досега се пронајдени најмалку 18 тела, пренесува Ројтерс.
Два извори рекле за Ројтерс дека повеќе тела биле извлечени од водата.
Федералната управа за авијација (ФАА) соопшти дека авион на Американ ерлајнс, кој доаѓал од Вичита, во американската сојузна држава Канзас, се судрил со воен хеликоптер блек хок непосредно пред да слета на пистата.
Во хеликоптерот имало тројца војници, но немало високи воени функционери, пренесува Ројтерс.
Според податоците на ФАА, во авионот на Американ ерлајнс имало 60 патници и четворица членови на екипажот, што подоцна беше потврдено и од авиокомпанијата:
„Летот на америкен игл на линијата 5342 од Вичита до Вашингтон доживеа несреќа во близина на Националниот аеродром“, соопшти компанијата. „Во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот.“
Американ ерлајнс додаде дека ќе се огласи кога ќе има повеќе информации.
Снимките што се појавија на социјалните мрежи и медиумите го покажуваат наводниот судир на хеликоптер и авион и моментот на експлозијата.
VIDEO from the Kennedy Center in Washington DC caught the crash in mid-air. So far at least six reported casualties. pic.twitter.com/XdJiAn3l4Q
— DMV News Live (@DCNewsLive) January 30, 2025
На терен се многубројни полициски и екипи на итната помош, а се пребарува и реката Потомак.
Медиумите јавуваат дека авионот се урнал во реката Потомак, каде што водата е екстремно студена по екстремно ниските температури во Вашингтон во последните недели.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „целосно информиран за ужасниот инцидент што се случи во близина на националниот аеродром Реган“.
„Господ да ги благослови нивните души. Им благодарам на спасувачите за нивната напорна работа на теренот. Ја следам ситуацијата и ќе објавам повеќе детали кога ќе станат познати“, рече претседателот Трамп во соопштението од Белата куќа.
Министерот за одбрана Пит Хегсет на социјалните мрежи изјави дека „Министерството за одбрана е известено и активно ја следи ситуацијата“.
Latest below. Absolutely tragic. Search and rescue efforts still ongoing. Prayers for all impacted souls, and their families.
Investigation launched immediately by Army & DoD. pic.twitter.com/WdUnYV4UJz
— Pete Hegseth (@PeteHegseth) January 30, 2025
Републиканскиот сенатор од Тексас Тед Круз на мрежата Икс напиша дека „не се знае точно колку животи се изгубени, но има жртви“ и додаде дека „утре ќе добие информации од Федералната управа за авијација“.