четврток, 26 декември 2024
ОЈО Гевгелија отвори истрага

Се соблекувал гол во училишен двор и се самозадоволувал

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место, во двор на основно училиште и на други локации.

„Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, се наведува во оопштението од Обвинителтвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ