сабота, 27 јули 2024

Се расипа рускиот модул на Меѓународната вселенска станица

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека на нејзиниот повеќенаменски модул Наука, споен во Меѓународната вселенска станица (ИСС), дошло до истекување во системот за ладење кој на космонаутите им служи за регулација на температурата во станицата.

Објавено на

часот

Сподели

Ни екипажот ни станицата не се во опасност, а космонаутите го проучуваат истекувањето, објави руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение на платформата Телеграм.

Станува збор за најновиот таков проблем со кој Русите неодамна се соочија во вселената, откако на крајот на минатата година од капсулата Сојуз почна да истекува средство за ладење, по што леталото мораше да биде заменето и одложено враќањето на екипажот на Земјата.

Истекување на средството за ладење се случи и неколку месеци подоцна на руското товарно вселенско летало Прогрес.

Американската вселенска агенција НАСА, која заедно со Русија управува со ИСС, не даде коментар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ