Ни екипажот ни станицата не се во опасност, а космонаутите го проучуваат истекувањето, објави руската вселенска агенција Роскосмос во соопштение на платформата Телеграм.
Станува збор за најновиот таков проблем со кој Русите неодамна се соочија во вселената, откако на крајот на минатата година од капсулата Сојуз почна да истекува средство за ладење, по што леталото мораше да биде заменето и одложено враќањето на екипажот на Земјата.
Истекување на средството за ладење се случи и неколку месеци подоцна на руското товарно вселенско летало Прогрес.
Американската вселенска агенција НАСА, која заедно со Русија управува со ИСС, не даде коментар.